НЕ ГИ ОСТАВАМЕ НА МИЛОСТ И НЕМИЛОСТ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД РОСОМАН Трипуновски вели дека ќе се забрза обештетувањето за замрзнатите посеви

Заедно со Даниела Иротова (претседател на владината комисија за проценка и утврдување на висината на штета од природни непогоди), ги информиравме земјоделците за процесот и постапките кои треба да ги преземат општините преку општинските комисии за увид и процена на штета, напиша на Фејсбук министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

204

Не ги оставаме на милост и немилост земјоделците од Росоман и околината, напиша попладнево министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, на Фејсбук. МИА деновиве информираше дека како последица на ниски утрински температури, забележани се штети кај овошните дрвца.

Трипуновски подвлече дека ќе ги забрзаат процесите за обештетување на посевите од замрзнување на повеќе култури како што се праска, кајсија, дуња, цреша и други.






„На 20-ти месецов на двете мерни станици над населено место Рамниште – Росоман и Чаир – Росоман беа измерени температури од -8 степени целзиусови кои за жал направија голема штета. Заедно со Даниела Иротова (претседател на владината комисија за проценка и утврдување на висината на штета од природни непогоди), ги информиравме земјоделците за процесот и постапките кои треба да ги преземат општините преку општинските комисии за увид и процена на штета“, напиша министерот.

Притоа појасни дека во рамки на процедурата, општините ќе објават јавен повик, на кој ги повикуваат сите земјоделци да ја пријават настаната штета.

Поврзани содржини