Не ги оставајте децата и миленичињата во автомобил, ако надвор е 38 степени за 5 минути во кола животот е загрозен

Од фотографијата се гледа дека при надворешна температура од 38 степени, животот е загрозен веќе за 5 минути ако сте во затворен автомобил.

974

Топлотниот бран кој неделава ќе го зафати регионот предизвика  дел противпожарни служби да излезат со предупредување до граѓаните да внимаваат, особено кога се во автомобилите, а температурата е над 30 степени целзиусови.

Така Противпожарната служба во Загреб на својата Фејсбук страница предупредува на големи жештини. Тие објавиле фотографија на која се гледа за колку минути расте внатрешната температура во автомобилот во споредба со надворешната температура.






„ Жештините се тука,  не ги оставајте децата и домашните миленичиња во автомобил“, гласи предупредувањето.

Од фотографијата се гледа дека при надворешна температура од 38 степени, животот е загрозен веќе за 5 минути ако сте во затворен автомобил.

Поврзани содржини