Не ги донесоа законите за помош на работниците, ама итно ја зголемија акцизата за горивата
Од денеска нови вонредни цени на горивата.
Бензините вонредно поскапеа од денеска за 0,50 денари за литар, дизелот за 3 денари, додека екстралесното малсо за домаќинства поскапе за 13, 50 денари. Оваа одлука ја донесе Регулаторната комисија за енергетика вчера по стапувањето на сила на измените на Законот за акциза со кои уредбата за акциза во вонредна состојба стана закон. Со овие измени се воведува дополнителна акциза за горивата, зависно од цените на светските берзи. Измените на законот се изгласани во петокот, на 2 април, на собраниска седница по скратена постапка, а стапија на сила на 6 април.
Донесувањето на законот по скратена постапка во услови кога фирмите најавуваат отпуштања на работниците, а пратениците се натегаат за законите од Петтиот пакет економски мерки, предизвика силни рекации во јавноста.
Први реагираа камионџиите бидејќи, како што велат, трошоците постојано им растат, а не добиваат бенефити како нивните колеги од другите земји на кои државата им враќа дел од акцизата. Најавуваат дека нивните зголемени трошоци, ќе ги зголемат трошоците на останатите производи.
Според вчерашната одлиука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажната цена на „еуросуперот“ од 95 октани од денеска изнесува 67,50 денари за литар, додека малопродажната цена на „еуросуоперот“ од 98 октани чини 69,50 денари за литар. „Еуродизелот“ има повисока цена за 3 денари и чини 58,00 денари за литар.
Поскапе и Естра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), и тоа за 13,50 денари за литар во однос на понеделничката цена и зега чини 58,00 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, остана иста, од понеделникот кога се утврди на 34,779 ден/кг.
Според Регулаторите производителите, увозниците, трговците на големо и трговците на мало сега плаќаат дополнитлена акциза и тоа :
-за безоловниот бензин„еуросупер БС 95“ и „еуросупер БС 98“ -22,00 ден за литар,
– за гасно масло како погонско гориво „еуродизел БС (D-E-V)“ – 17,50 денари за литар
– за екстра лесно масло за домаќинство ЕЛ – 17,50 денари за литар
– за авио бензинот – 25,00 денари за литар.
– за мазут М-1 НС – 0,100 (денари/килограм)“.
Царинската управа, пак ги информира производителите, увозниците, трговците на големо и трговците на мало дека се должни на денот на почетокот на примената на зголемувањето на акцизата на енергентите (06.04.2021 година) да направат попис на затечените залихи на енергенти, да подготват записник за извршениот попис и да го поднесат до царинскиот орган не подоцна од 5 работни дена од датумот на зголемување на акцизата.
Трговците имаат рок од 15 дена да ја платат разликата на акцизата и тоа:
– Еуросупер БС 95 – 0,308 ден/лит,
– Еуросупер БС – 98 – 0,308 ден/лит,
– Еуродизел БС (D-E-V) – 2,379 ден/лит,
– Екстра лесно масло за домаќинство ЕЛ – 11,18 ден/лит и
– за Авио бензинот разликата во зголемената акциза изнесува 0,604 ден/лит,
Владата пред неколку месеци најави дека дополнителната акциза која можеше да се применува само во време на вонредната состојба, согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизи за време на вонредната состојба, ќе се преточи во закон.