НЕ ГАСНЕТЕ ПОЖАР БЕЗ ОПРЕМА, ЧАДОТ И ГАСОВИТЕ МОЖАТ ДА УБИЈАТ! Чибишев ги предупредува граѓаните и професионалците
Ги молам граѓаните, па и професионалците да користат заштитни средства и да бидат крајно внимателни бидејќи последиците од труење со отровните гасови можат да бидат многу сериозни, напиша Чибишев.
Професорот Андон Чибишев од Универзитетската клиника за токсикологија апелираше до граѓаните и до професионалците да не се вклучуваат во гаснење пожари без потребната опрема за заштита.
„Жал ми што повторно морам да предупредам дека е крајно ризично, и не треба да се вклучуваат во гаснење пожари граѓани кои на никаков начин не се заштитени од штетното дејство на чадот и на отровните гасови. Јаглеродниот моноксид и цијанводородот убиваат без предупредување.
Ги молам граѓаните, па и професионалците да користат заштитни средства и да бидат крајно внимателни бидејќи последиците од труење со отровните гасови можат да бидат многу сериозни“, напиша Чибишев.
Викендов, деветмина полицајци, кои заедно со пожарникарите учествувале во гаснењето на пожарот во близина на спортскиот комплекс „Борис Трајковски“, завршија на Токсикологија откако вдишале чад.