НЕ Е ЗАВРШЕНА ВИЗИЈАТА НА АХМЕТИ Османи вели дека следниот чекор е Албанец да биде претседател на државата

Ова е визијата и мисијата на Али Ахмети, кој како што сум кажал мандат по мандат, поглавје по поглавје, дел по дел го создава мозаикот на неговата визија, изјави Османи на партиски настан во Чаир.

473

Портпаролот на ДУИ и министер за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека следната мисија на партијата е претседател на државата.

-Талат Џафери ќе биде првиот премиер Албанец, вториот пат повеќе нема да биде тема кога ќе има втор премиер Албанец, бидејќи и премиерството ќе биде дел од сузбивање на етничкиот монопол. И само уште една позиција каде што има етнички монопол е претседателот на државата, но тоа е следната мисија на ДУИ. Ова е визијата и мисијата на Али Ахмети, кој како што сум кажал мандат по мандат, поглавје по поглавје, дел по дел го создава мозаикот на неговата визија – изјави Османи на партиски настан во Чаир.

Поврзани содржини