НЕ Е ВЕСТ КОГА КУЧЕ ЌЕ КАСНЕ ЧОВЕК, АМА ОВА МНОГУ КУЧИЊА… Вчера пријавени шест каснувања само во Скопје
Што се случува со кучињата скитници во Скопје? Дали граѓаните во главниот град, мотивирани од она што се случува во Струга, навалија во полициските станици да пријавуваат напади од кучиња скитиници?
Вчера во Полициската станица Аеродром В.К.(71) пријавил дека на улицата Бојмија бил каснат од куче скитник. Во истата станица се пријавени уште две каснувања од куче скитник – Д.З.(62) пријавил напад на булеварот Јане Сандански, а А.М.(46) пријавил каснување на Тодор Чангов.
Во Полициската станица Карпош, пак, Н.Н.(43) од Скопје пријавила дека на улицата Теодосиј Синаитски нејзиниот малолетен син бил каснат од куче. Во оваа станица инцидент на улицата Иван Цанкар пријавила В.И.(76) од Скопје.
Инцидент се случил и во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Во Полициската станица Центар, Ф.Р.(32) од Скопје пријавила дека во била касната од куче скитник.