НЕ Е ТРАМП ТОЈ ШТО ЌЕ ДИКТИРА КОГА РУСИЈА ЌЕ ПРЕГОВАРА СО УКРАИНА Преговорите ќе завршат кога Кремљ ќе си ги оствари целите, посочи Медведев
Не сте вие, ниту (Доналд) Трамп тие што ќе диктираат кога да се „седне на мировна маса“. Преговорите ќе завршат кога ќе бидат исполнети сите цели на нашата воена операција. Работи на Америка, дедо, напиша Дмитриј Медведев на социјалната мрежа Икс, како одговор на објава на американскиот сенатор Линдзи Греам.
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, одговори на објава на социјалната мрежа Икс од американскиот сенатор Линдзи Греам (републиканец од Јужна Каролина, ставен на црната листа во Русија како терорист и екстремист), велејќи дека ни тој ни претседателот на САД, Доналд Трамп, не се тие што ќе одлучуваат кога е време за преговори околу конфликтот во Украина, објави руската агенција ТАСС.
„Не сте вие, ниту Трамп, оние што ќе диктираат кога да се ‘седне на мировна маса’. Преговорите ќе завршат кога сите цели на нашата воена операција ќе бидат исполнети. Работи на Америка, дедо!“, напиша Медведев на мрежата Икс.
Претходно, тој го предупреди Трамп да не заборави дека секој нов ултиматум е чекор поблиску до војна.
Сенаторот Греам во својата објава на Икс напиша:
„До оние во Русија кои мислат дека претседателот Трамп не е сериозен во врска со прекинување на крвопролевањето меѓу Русија и Украина: Вие и вашите соработници наскоро болно ќе се уверите во спротивното. Наскоро ќе видите и дека Џо Бајден веќе не е претседател. Седнете на мировната маса“.