НЕ Е ТОА ПЛАЦ, ТУКУ МОЈА СОПСТВЕНА КУЌА НА ВОДНО Градежникот Александар Ивановски се огласи со демант
Објавата на Плусинфо содржи материјална грешка - не станува збор за плац, туку за куќа во сопственост на Александар Ивановски. Во текстот сепак нема никаква инсинуација дека недвижниот имот е во сопственост на Италијанската амбасада, која го користи. Поради наведената неточност и можните импликации, Редакцијата му се извинува на г-н Ивановски.
Редакцијата на Плусинфо преку законскиот полномошник од господинот Александар Ивановски доби демант на објавената содржина под наслов:
Во прилог на текстот е доставен и доказ за сопственост на недвижниот имот за кој станува збор.
Редакцијата го објавува текстот на демантот во приложениот формат (скенови во jpg формат), на истото место и на истата позиција, а под демантот објавуваме и кратко објаснување и јавно извинување.
Ова е демантот:
Ова е приложениот имотен лист:
ОД РЕДАКЦИЈАТА НА ПЛУСИНФО
Објавата на Плусинфо содржи материјална грешка – не станува збор за плац, туку за куќа во сопственост на Александар Ивановски.
Иако ја прифаќаме критиката дека било потребно да се проверат наводите на изворникот од каде што е преземен дел од наведениот текст, но сепак, нагласуваме дека во објавата на Плусинфо сепак нема никаква инсинуација дека недвижниот имот бил во сопственост на Италијанската амбасада, која го користи.
Поради наведената неточност и можните импликации, Редакцијата му се извинува на г-н Ивановски.
(Насловот на оваа објава е редакциски)