НЕ Е ТОЈ ХРАБАР ТУКУ ИДИОТ Американците бесни дека е награден рускиот пилот кој им собори дрон
Не знам за друга војска во светот, друга воздухопловна сила во светот, која би го наградила пилотот за соборување на дрон, изјави Џон Кирби од Белата куќа.
„Во најдобар случај е идиот“ рускиот пилот кој со Су-27 собори американски дрон над Црното Море, смета Џон Кирби, портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа. Тој тврди дека видео-доказите се доста убедливи дека пилотот намерно му го скршил пропелерот на дронот MQ-9 Reaper.
– Немам поим зошто би му дале награда за храброст на пилот кој, во најлош случај, злонамерно се изложил себеси и американските средства на голем ризик, а во најдобар случај, е само идиот – изјави Кирби коментирајќи го фактот што и двајцата пилоти Попов и Вавилов добија Орден на храброст од Сергеј Шојгу, рускиот министер за правда.
Еден од нив го собори дронот.
🎖️🇷🇺Министерот #Шојгу ги награди мајорите Попов и Вавилов, пилоти на Су-27, кои на 14 март спречија американско беспилотно летало MQ-9 да ги наруши границите на областа на специјалната воена операција.
🛩️Орденот за храброст им е доделен за првокласно извршување на задачата. pic.twitter.com/4PQHGgrVrh— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) March 22, 2023
– Не знам за друга војска во светот, друга воздухопловна сила во светот, која би го наградила пилотот за соборување на дрон. Ако тоа е храброст, тогаш претпоставувам дека тие имаат поинаква дефиниција. Тоа е смешно, тоа е навредливо – додаде тој.
Kirby: The Russian fighter pilot who clipped the Reaper drone over the Black Sea was “at worst, maliciously putting himself and U.S. property at great risk, and at best, just an idiot” pic.twitter.com/8veI8BtRBL
— Dave Brown (@dave_brown24) March 22, 2023
Судирот над Црното Море стана прва директна конфронтација меѓу САД и Русија во поново време.
СЕ ПОЈАВИ СНИМКАТА ОД СУДАРОТ ВО ЦРНОТО МОРЕ Сухојот му го оштетил пропелерот на дронот(ВИДЕО)