НЕ Е СЛУЧАЈНО: Нашата земја има „срце“ кое чука и го „сопира“ времето!
Истражувањата на прастари геолошки настани сугерираат дека нашата планета има бавно, стабилно „чукање“ на геолошка активност на секои 27 милиони години
Во последните 260 милиони години, диносаурусите дојдоа и си заминаа, Пангеа се подели на седумте континенти и островите што ги имаме денес, а потоа се јавија луѓето. И за сето ова, се чини дека Земјата го „сопира“ односно одредува времето, кога некој ваков настан би се случил, пишува ScienceAlert.
Студија за прастари геолошки настани објавена во списанието Geoscience Frontiers сугерира дека нашата планета има геолошка активност која чука бавно и стабилно „како срце на секои 27 милиони години“.
Пулсот на Земјата е неверојатно бавен, но постои. Во тој „пулс“ ги сметаме и вулканската активност, масовното истребување на разни животни, смената на тектонски плочи и покачување на нивото на морето. За наша среќа, следното „отчукување“ ќе биде за 20 милиони години, велат истражувачите.
Плима и осека, вулкан или земјотрес- сѐ e тоа од пулсот
За да ја потврдат тезата истражувачите анализирале 89 типови на геолошки настани – и нивната историја во изминатите 260 милиони години.
– Овие настани вклучуваат морско и неморско време на истребување, големи океано-аноксични настани, ерупции на континентална поплава од базалт, осцилации на морското ниво, глобални импулси на маглидни плочи, како и стапката на проширување на морското дно и реорганизацијата на плочите – објавил тимот во својот труд.
Инаку, овој „пулс“ бил истражуван и во 20 -тите години на минатиот век. Тогаш научниците велеле дека циклусот е 30 милиони години, а подоцна, негде во 80-тите проценката била меѓу 26,2 и 30,6 милиони години.
Планетата Х и пулсот на Земјата
Иако главните „виновници“ за овој пулс се сметало дека се јаглеродните циклуси, геолозите денес одат подалеку. Пулсот на земјата веројатно е врзан со удари од комети, а можеби е врзан и со мистериозната планета Х – десеттата планета во нашиот сончев систем, веднаш после Плутон.
Постои ли планета Х? Ако е да, тогаш овие процеси ни кажуваат дека таа е поблиску од нас, и нејзината гравитација влијае на отчукувањето, исто како што влијае и на нашата патека околу Сонцето.