НЕ Е СЀ ВО ПЛАТАТА, ИМА НЕШТО И ВО ПОЧИТТА Министерката Јаневска објаснува зошто наставниците се депримирани

Секако дека ќе разговараме со сите социјални партнери и секако дека ќе бараме начин да ги измотивираме наставниците на сите можни начини, порача министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

365

По вчерашната изјава на министерка за образование и наука Весна Јаневска дека нема да има зголемување на платите на наставниците, од СОНК рекоа дека следува 12 проценти зголемување и ќе остават простор за дијалог до 15 септември.

Министерката беше запрашана дали би ја сменила одлуката.






– Секако дека ќе разговараме со сите социјални партнери и секако дека ќе бараме начин да ги измотивираме наставниците на сите можни начини. Наставниците не се депримирани само поради средствата со кои се покрива нивниот труд, има и многу други елементи кои ги вознемируваат и прават незадоволни. Почитта од страна на родителите, почитта од страна на учениците, почитта од страна на општеството итн – вели Јаневска.

Таа додаде дека се отворени за разговор и дијалог, но мора реално да се согледаат можностите.

– Сите вие знаете каква девастирана држава наследивме, не само во образованието, ние сега треба да го спречиме слободниот пад на државата, да го стабилизираме, да го придвижиме кон нулата и оттука да почнеме да градиме нанапред. Образложувам зошто е потребно и грчевито ќе се борам, но реалните можности се тие. Доколку изнајдеме решение, кое не зависи само од министерот за образование и нашите желби, доколку се отвори некаква можност, се доаѓа во обзир, но во овој момент јас таа можност не ја гледам – заврши Јаневска.

Поврзани содржини