НЕ Е ПРВПАТ ДА РЕЧАТ ДЕКА ЌЕ НАПАДНЕМЕ Песков ги демантира американските обвинувања

Ова не е такво прво ветување. Слични работи беа кажани и порано. Но, никогаш ништо не се случува, рече првиот човек на Кремљ по американските обвинувања дека Русија ќе исценира напад од Украина на своја, или на територијата кајшто се руските сепаратисти, за да има алиби и за да започне војна.

271

Не е првпат во САД да се објавуваат материјали за наводни руски планови за инвазија на Украина, но никогаш ништо не се случило после тоа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги изјавите во американските медиуми дека Москва да ќе измисли лажен украински напад како изговор за „окупација“.

– Ова не е такво прво ветување. Слични работи беа кажани и порано. Но, никогаш ништо не се случува – рече Песков.






Запознаени сме со плановите на Москва

Портпаролот на Кремљ ги осуди изјавите како празна и неоснована ескалација на тензиите, нагласувајќи дека Русија не претставува закана за никого. Во исто време, Песков не ја исклучи можноста од провокација за да се оправдаат таквите тврдења и предупреди дека обидите за насилно решавање на украинскиот конфликт ќе имаат исклучително сериозни последици.

Американските разузнавачи веруваат дека Русија направила план за инсценирање инцидент со кој би се оправдала инвазијата на Украина, објавија два американски весници, повикувајќи се на извори кои биле „запознаени со тоа“.

ukraina-ruski-trupi
EPA-EFE/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY PRESS SERVICE / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES                     Руски специјалци

Русија ќе монтира видео од наводниот напад?

Русија разгледува неколку опции кои би ѝ дале изговор за инвазија на Украина, вклучително и монтирано видео кое прикажува тешки последици од експлозија, вклучително и опрема што наводно ѝ припаѓа на Украина или членки на НАТО, објасни портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс и неименуван висок функционер на администрацијата на Бајден, јави Гласот на Америка.

Во Пентагон, на оваа тема зборуваше и портпаролот Џон Кирби.

– Имаме информации дека Русите би можеле да измислат предуслов за инвазијата, што е нешто добро познато кога станува збор за начинот на кој тие ги прават работите – рече Кирби.

– Веруваме дека тоа пропагандно видео може да прикаже снимки од мртви луѓе и актери, прикази на уништени локации, како и воена опрема во рацете на Украина или Западот – и треба да предизвика чувство на тага – рече портпаролот на Пентагон.

Инсцениран напад и инсценирана тага по жртвите

Њујорк тајмс“ објави дека рускиот план вклучува употреба на лажно видео, кое би содржело инсценирање и снимање на измислен напад на украинската армија, или на руска територија или врз луѓе што зборуваат руски во источна Украина, а „Вашингтон пост“ објави дека американските разузнавачи ја отстранија тајноста од деталите за таквиот план и оти се очекува тој да биде откриен денеска.

– Не знаеме дефинитивно дали тоа е патот по кој ќе тргне Русија, но знаеме дека тоа е опција која се разгледува, во неа би биле вклучени голем број луѓе кои би се преправале дека тагуваат поради убиените луѓе, како и распоредување на мртви тела со кои ќе се потврдат жртвите во инцидентот што Москва сама ќе го конструира – рече американскиот заменик-советник за национална безбедност Џонатан Фајнер во интервју за американскиот MSNBC, како одговор на информациите во медиумите.

Русија вчера ги обвини САД за ескалација на тензиите и игнорирање на повиците на Москва за ескалација на тензиите околу Украина, еден ден откако Вашингтон објави дека ќе испрати речиси 3.000 дополнителни војници во Полска и Романија.

Во исто време, Москва ги негира плановите за инвазија иако распоредила илјадници војници на границата со Украина. Според некои процени бројката е над 100.000 војници, а само 30.000 од 10 до 20 месецов ќе извршат воени вежби во Белорусија.

Поврзани содржини