НЕ Е ПРАВЕДЕН И НЕ ДАВА КВАЛИТЕТ Напуштање на балансерот побараа од ВМРО-ДПМНЕ

Напредокот треба да биде базиран на знаење и квалитет и ова е наш став и истиот нема промени од кога е донесен до ден денес. Искуството покажува дека досегашниот систем освен што создава неквалитет, истиот не е и праведен, вели Митева.

314

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за најавениот нов балансер со кој е најавено дека ќе се брои и дијаспората истакна дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека балансерот треба да се напушти затоа што претставува сериозно нарушување на системот на квалитет.

– Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека балансерот треба да се напушти затоа што претставува сериозно нарушување на системот на квалитет. Напредокот треба да биде базиран на знаење и квалитет и ова е наш став и истиот нема промени од кога е донесен до ден денес. Искуството покажува дека досегашниот систем освен што создава неквалитет, истиот не е и праведен. Време е да создадеме систем за граѓаните, а не систем за неколку политички моќници затоа што администрација која со квалитет ќе им служи на граѓаните и е потребна на Македонија, а не административци кои со неквалитет ќе им служат на политичките моќници – нагласи Митева.






Претходно и Демократскиот сојуз ја повика Владата да го отфрли предлогот за менување на балансерот за вработување на нерезидентното население во јавната администрација според резултатите од пописот и зголемување на процентот на Албанците на 29,5 отсто.

Поврзани содржини