НЕ Е ПОЛИЦАЈКАТА, ТУКУ РОДНИНА НА ЖЕНАТА Откриено кој му дал информација на тројниот убиец од Градачац

До жената роднина на убиената Низама, инспекторите, наводно, дошле преку мобилниот телефон на убиецот додека ги пребарувале неговите контакти, повици и пораки.

3,433

Во медиумите на БИХ се појави тврдење дека лице поврзано со убиената Низама Хеќимовиќ од Градачац му открило на тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ каде се крие таа со бебето, пишува Аваз. Иако претходно под сомнение беше полицајката од полициската станица во Градачац, Џенана Селимовиќ, која е суспендирана под сомнение дека одржувала врска со убиецот и соработувала со други криминалци.

До жената роднина на убиената Низама, инспекторите, наводно, дошле преку мобилниот телефон на убиецот додека ги пребарувале неговите контакти, повици и пораки. Се испоставило дека Сулејмановиќ не само на денот на масакрот, туку и денови пред тоа ја барал поранешната невенчана сопруга. Им се јавил на сите нејзини пријатели, блиски и подалечни роднини, па дури и отишол до нивните врати, пишува Аваз.






Роднината наводно признала дека од страв ја открила локацијата на Низама.

-Девојката знаеше дека Нермин е криминалец, наркодилер и насилник и се плашеше од него. Од страв му призна каде се кријат Низама и бебето. Таа раскажа горко плачејќи дека мисли дека Нермин има намера да ги однесе жената и бебето дома, дека жали што ја претепал Низама и никогаш повеќе нема да го направи тоа. Мислела дека Низама и Сулејмановиќ ќе се помират. Не ѝ паднало на памет дека ќе ја убие – открил за медиумите извор упатен во истагата.

Нермин Сулејмановиќ во својот крвав поход ја убил својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ и уште две лица, ранил уште тројца, а потоа се самоубил.

Поврзани содржини