🎥 НЕ Е МЕЃУ ЖИВИТЕ, А ЖЕНИТЕ УШТЕ СЕ ТЕПААТ ЗА НЕГО „Јас снимив со него пет филма, а таа само еден“

По трибјутот за еден од најубавите актери во Холивуд, покојниот Роберт Редфорд, Џејн Фонда ја нападна Барбара Стрејсенд која му оддаде почит на глумецот во сегментот Ин мемориам велејќи: Сакам да знам како дојде до тоа Стрејсенд да биде таму и да зборува за Редфорд. Таа има само еден филм со него, јас имам пет!

0

Џејн Фонда упати остра критика кон Барбра Стрејсенд поради трибјутот за нивниот покоен колега Роберт Редфорд во сегментот Ин мемориам, на доделувањето на Оскарите 2026.

Таа била незадоволна затоа што нејзината колешка Стрејсенд (83) била избрана да зборува за Редфорд, кој почина минатата година на 89-годишна возраст, сметајќи дека нејзината соработка со актерот била значително поблиска, пишува  „Дејли мејл“.






Имено, легендарната актерка истакна дека со оглед на тоа што има снимено дури пет филма со Редфорд – „Неверојатна приказна“, „Потера“, „Боси во паркот“, „Електричниот јавач“ и нивниот последен заеднички проект „Нашите души во ноќта“ (2017 година), таа требало да биде на сцената и да зборува за него.

Од друга страна, Стрејсенд глумеше со Редфорд само во еден филм, култниот „Какви што бевме (Девојката што ја сакав)“ од 1973 година.

– Сакам да знам како дојде до тоа Стрејсенд да биде таму и да зборува за Редфорд. Таа има само еден филм со него, јас имам пет. Секогаш бев вљубена во него. Беше најубавиот човек и имаше одлични вредности. Направи многу за филмската индустрија и ги поддржуваше независните филмови – вели Фонда.

Стрејсенд, пак, во рамки на својот говор, се присети на нејзината соработка со Редфорд:

– Откако го прочитав првото сценарио за ‘Какви што бевме (Девојката што ја сакав)’, можев да замислам само еден човек за улогата – Роберт Редфорд. Но тој ја одби, велејќи дека ликот нема карактер, и беше во право. Потоа направивме измени, а останатото е историја.

 

Поврзани содржини