🎥 НЕ Е ЛЕСНО ДА СИ СЛАВЕН Француските папараци ги прогонуваа Дуа Липа и Калум Тарнер по париските улици

Пејачката Дуа Липа и актерот Калум Тарнер, по излегувањето од францускиот ресторан „Le Voltaire“ беа опкружени и упорно прогонувани од папараците иако и двајцата очајнички ги молеа да престанат да го прават тоа

0

Француските закони за папараци се меѓу најстрогите во светот, давајќи им силен приоритет на правото на приватност на поединецот (droit à l’image) пред јавната љубопитност. Нелегално е да се фотографираат или објавуваат фотографии од некого на приватно место или на јавно место без согласност, освен ако тоа не се смета за неопходно за јавно информирање.

Сепак, токму Франција е местото кадешто прогонувана од папараци настрада принцезата Дијана во далечната 1997 година, а сега е вирално и видеото од пејачката Дуа Липа и актерот Калум Тарнер, кои, по излегувањето од францускиот ресторан „Le Voltaire“ беа опкружени и прогонувани од папараците.






Парот очајнички ги молеше фотографите да ги остават на мир, а целиот инцидент беше снимен и се прошири на социјалните мрежи.

@vendetta_dailly0

Dua lipa and Callum Turner is upset on paparazzi #dualipa #paparazzi #paris

♬ son original – vendetta dailly

– Мора да не оставите на мир. Ве молам. Ќе им откриете на сите каде живееме. Тоа не е во ред – им вели Тарнер кој првин излегува сам од ресторанот обидувајќи се да ги наговори папараците да не ги следат.

Сепак, неговите молби беа игнорирани. Кога од ресторанот излегува и неговата вереница, Дуа Липа, папараците продолжуваат да ги следат.

Липа се обидуваше да го скрие лицето додека упорнниуте папараци постојано ги следеа и се обидуваа да ја наговорат велејќи ѝ да им даде само една минута, а потоа дека ќе ги остават на мир.

Постапката на папараците предизвика остри критики на социјалните мрежи.

@vendetta_dailly0

Dua lipa & calum Turner in paris #dualipa #paparazzi #paris

♬ son original – vendetta dailly

 

Поврзани содржини