НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ ВОДИ ДРЖАВА Талибанците ја добија војната, ама сега треба да научат да владеат

Како бунтовници, талибанците имаа огромни приходи – стотици милиони долари, според набљудувачите на ОН. Но, тоа е мала сума во споредба со барањата на Авганистан како земја, велат експертите.

487

Транзицијата е огромен тест за исламистите во очајно сиромашната, дипломатски изолирана земја, каде длабоко вкоренетите политички и социјални проблеми се дополнително комплицирани со повеќе од четири децении војна.

Следат пет предизвици за талибанците.






Недостиг на доверба

Постои широко раширено сомневање за талибанците кај Авганистанците, и тоа со добра причина.

Кога исламистите беа на власт од 1996 до 2001 година, тие наметнаа сурово толкување на исламскиот закон. Тие ги изолираа жените од образованието и јавните простори, брутално погубија политички противници и убиваа верски и етнички малцинства како што се хазарите.

Овој пат талибанците ветија помек систем, вклучувајќи ги и правата на жените.

Тие, исто така, ветија инклузивна влада преку разговори со разни актери во авганистанската политика – вклучувајќи го и поранешниот претседател, поддржан од САД, Хамид Карзаи. Тие дури испратија претставници во шиитското малцинство на хазарите, кое претрпе брутално насилство од талибанците во 1990-тите.

Иако имаше олеснување во некои делови од провинциите на Авганистан каде што луѓето сакаа да престане насилството, многу Авганистанци велат дека делата, а не зборовите, се важни.

Жените, особено во градовите, продолжуваат да се плашат да излезат, а има барем една област на вооружен отпор во долината Панјшир, традиционален анти-талибански бастион.

Економска, хуманитарна катастрофа

Авганистан е една од најсиромашните нации во светот. По соборувањето на талибанците во 2001 година, огромни количини странска помош се слеаја во земјата. Меѓународната помош изнесуваше повеќе од 40 проценти од БДП во 2020 година. Повеќето од овие средства сега се суспендирани, без гаранции за останатите.

Талибанците, исто така, немаат пристап до средствата на авганистанската централна банка што се чуваат во САД.

Оваа криза може да значи катастрофа, бидејќи талибанците мора да смислат како да им платат на владините службеници и да продолжат да управуваат со критичната инфраструктура како што се водоснабдување, електрична енергија и комуникации.

Обединетите нации, исто така, предупредија на хуманитарна катастрофа, поради малите резерви на храна поради конфликтот и големата суша.

Како бунтовници, талибанците имаа огромни приходи – стотици милиони долари, според набљудувачите на ОН. Но, тоа е мала сума во споредба со барањата на Авганистан како земја, велат експертите.

Талибанците се здобија со некои извори на приход по преземањето на Авганистан, како што се царински приходи од граничните премини, но ова е исто така дел од националните потреби.

Одлив на мозоци

Покрај монетарната криза, талибанците се соочуваат со уште еден критичен недостиг: квалификувани Авганистанци.

Кога силите предводени од САД почнаа да се повлекуваат и претходната влада почна да ја губи контролата, Авганистанците со вештини, искуство и ресурси се упатија кон границите. Вклучуваа бирократи, банкари, лекари, инженери, наставници и дипломирани студенти, сите зпрестрашени од исламистичкиот начин на живот.

Се чини дека талибанците се свесни за влијанието што може да има таквиот одлив на мозоци врз авганистанската економија.

Нивниот портпарол ги повика квалификуваните Авганистанци да не заминуваат, велејќи дека на земјата и се потребни „експерти“, како што се доктори и инженери.

Дипломатска изолација

Под нивното прво владеење, талибанците во голема мера беа парија на светската сцена.

Овој пат, тие бараат широко меѓународно признание, иако повеќето земји ги прекинаа или затворија своите дипломатски мисии во Кабул.

Групата има контакти со регионалните сили како што се Пакистан, Иран, Русија и Кина, како и Катар, кој со години беше домаќин на политичко претставување на талибанците. Но, никој се уште не ги признал, а САД рекоа дека секој легитимитет „ќе мора да се заработи“.

Како очигледен знак за различен однос кон талибанците, Кина и Русија се воздржаа при гласањето резолуција на Советот за безбедност на ОН, со која се повикува групата да им дозволи на Авганистанците да заминат. Москва и Пекинг не го искористија своето вето откако омекна јазикот во однос на талибанците, велат експертите.

Терористичка закана од ИД

Талибанците можеби ја презедоа контролата врз Авганистан, но заканата од терористички напади во земјата не заврши со нивниот бунт.

Нивниот џихадистички ривал, регионалниот огранок на терористичката група Исламска држава, веќе изврши смртоносен самоубиствен напад во Кабул, при што загинаа повеќе од 100 луѓе на аеродромот за време на операцијата за евакуација.

Талибанците и ИД се тврдокорни сунитски екстремисти, но припадниците на ИД имаат уште пожестоко и побрутално толкување на исламскиот закон. ИД соопшти дека ќе продолжи да се бори во Авганистан, и во своите изјави талибанците ги опиша како отпадници. Талибанците сега се соочуваат со остар пресврт на улогата: тие мора да го заштитат авганистанскиот народ од нападите што нивните борци ги вршеа со години.

Поврзани содржини