НЕ Е ИСТО ПРОСЕЧЕН РАСТ НА БДП ОД 3,2% И ОД 1,9% Димитриеска-Кочоска направи споредба меѓу владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Димитриеска-Кочоска напомена дека за целиот период на претходната власт просечниот раст на БДП беше 1,9%, а во десетте години владеење на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше 3,2%.

372

Со промената на власта се подобри и економијата – во првите два квартала од 2024 просечниот раст на БДП беше 2,3%, а во следните два кваратала 3,6%. Не случајно го кажувам ова. Ние во последниот квартал имавме раст од 3,8%о, односно два квартала по ред 3,8 отсто, што покажува дека со промената на власта економијата очекува позитивни сигнали од Владата. Тоа се потврдува во овие повеќе од година и половина со фактот дека последниот квартал имаме 3,8% раст, што е повеќе од просечниот раст што сме го имале во првите два квартала од промената на власта, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на панелот „Раст на економијата – економска сигурност на граѓаните“ што се одржува во Владата.

Димитриеска-Кочоска напомена дека за целиот период на претходната власт просечниот раст на БДП беше 1,9%, а во десетте години владеење на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше 3,2%.






-Македонските компании функционираат во услови на глобална неизвесност која во речиси сите европски земји создава надолни резултати кога станува збор за БДП. Имаме и економски партнери што влегуваат во минус, а нашата економија покажа дека е стабилна и многу отпорна, жилава на глобалните предизвици – оцени министерката.

Според неа, клучот што ги промени економските текови и ги подобри резултатите е унгарската кредитна линија што ја зема Владата.

– Бројките зборуваат дека унгарската линија е земена во прав момент. Приватниот сектор доби кредити по многу поволни услови, 224 милиони евра се комплетно повлечени и тоа е она што е инвестирано , тие инвестиции успеаја да ја одржат економијата и да додадат вредност со што ги остваруваме стапките на раст. Вториот клучен момент со промената на власта е тоа што во континуитет корпоративните кредити бележат раст од 15% – потенцира Димитриеска-Кочоска.

На панел дискусијата свои излагања имаат и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. 

Поврзани содржини