НЕ Е ИСТО ДА СЕ ЖЕНИШ ВО СКОПЈЕ И ВО БИТОЛА Владиката Тимотеј тврди дека секоја епархија си крои сопствен тарифник

Црквата ги следи тековите на општествениот живот во земјата. Ако економијата оди во одредена насока, не е исклучено и да се покачат цените на услугите што ги дава и црквата. Сепак, секоја епархија има надлежност да прави промени во финансиското работење и да има свој тарифник, објаснува владиката Тимотеј.

1,536

Засега на ниво на црквата не сме разговарале за генерално покачување на цените на црковните услуги, вели во изјава за „Нова Македонија“, митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на Синодот на МПЦ-ОА, г. Тимотеј, откако минатата недела се појави информацијата дека преспанско-пелагониската епархија има нов ценовник.

– Црквата ги следи тековите на општествениот живот во земјата. Ако економијата оди во одредена насока, не е исклучено и да се покачат цените на услугите што ги дава и црквата. Сепак, секоја епархија има надлежност да прави промени во финансиското работење и да има свој тарифник – објаснува тој.






Според ценовникот на скопската епархија, на пример, крштевката чини 4.000 денари, од кои половина ги плаќа кумот, а половина родителите на детето што се крштева.

За венчавка со еден свештеник се наплаќа 6.000 денари, а доколку свечениот чин го извршуваат тројца свештеници, се плаќа 7.000 денари. Наплатата се дели на четири дела, односно на кумот, на старосватот и на родителите на невестата и младоженецот.

Опелото за погреб чини 3.000 денари.

За потенцирање е дека свештениците не им наплаќаат услуги на граѓаните од социјално загрозените категории, како и на оние семејства што имаат повеќе деца.

Поврзани содржини