МОЖЕБИ НЕКОЈ НЀ САБОТИРА Песков го коментира мистериозното протекување гас во Балтичкото Море

Сега не можеме да исклучиме никакви опции. Очигледно е дека се работи за некаков вид оштетување на цевките и не можеме да исклучиме каква било можност додека не ги добиеме резултатите од истрагата за тоа што го предизвикува тоа, рече портпаролот на Кремљ на прашањето дали можеби саботажа предизвикала истекување на гас. Песков, како што јави агенцијата Ројтерс, исто така изјавил дека Кремљ е многу загрижен поради оваа ситуација, која бара итна истрага бидејќи станува збор за енергетска безбедност „на целиот континент“.

885

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков не ја исклучи можноста дека оштетувањето на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 е резултат на саботажа, пренесува Б92. Протекувањето кое денеска се случи во цевки во Шведска и во Данска ги натера овие земји да го забранат поморскиот сообраќај во деловите кои се опфатени со загадувањето. Плусинфо веќе пишуваше за „мистериозниот“ настан.

– Сега не можеме да исклучиме никакви опции. Очигледно е дека се работи за некаков вид оштетување на цевките и не можеме да исклучиме каква било можност додека не ги добиеме резултатите од истрагата за тоа што го предизвикува тоа – рече тој на прашањето дали можеби саботажа предизвикала истекување на гас.






Песков, како што јави агенцијата Ројтерс, исто така изјавил дека Кремљ е многу загрижен поради оваа ситуација, која бара итна истрага бидејќи станува збор за енергетска безбедност „на целиот континент“.

Времето на поправка на дефектите на двете цевки засега е невозможно да се процени, објави денеска „Северен стрим АГ“, операторот на гасоводот „Северен тек 1“.

Од Европската комисија пак, не сакаат да ги коментираат можните причини за истекувањата на гас од Северен поток еден и два, уверувајќи дека снабдувањето е безбедно за Европа, јави дописничката на МИА од Брисел.

На денешниот редовен брифинг за новинари портпаролите на ЕК порачаа дека се информирани за инцидентот со трите истекувања на гас од „Северен тек“ во близина на Данска и се во постојан контакт со засегнатите земји членки.

– Во моментов нема последици врз сигурноста на снабдување, затоа што испораките од Северен тек 1  се на нула, а Северен тек два за сега нема дозвола  – изјави портпаролот за енергетика, Тим Мекфи.

ЕК исто така ги следи последиците врз загадувањето на воздухот и климатските промени бидејќи истекот на метан може негативно да влијае врз нив.

Во меѓувреме Данска прогласи забрана за навигација околу местото на инцидентот.

Но, од ЕК не се шпекулира за можните причини, од кои една може да биде саботажа од руска страна, нешто што не го исклучи данската Влада.

– Не шпекулираме дали е саботажа или не, немаме елементи да одредиме која е причината за истекувањето, но се разбира дека доколку е саботажа, секој акт на саботажа врз инфраструктура ќе биде осуден – изјави главниот портпарол на ЕК, Ерик Мамер.

Поврзани содржини