Не, ова не е фотомонтажа. Ова е фотографија на државниот врв на денешната воена вежба „Одлучен удар 2021“ на полигонот Криволак.
За разлика од други слични прилики, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и претседателот Стево Пендаровски се во класичен „цивилен“ стајлинг. Премиерот Зоран Заев стандардно не се маскира, оти нема потреба…
„Одлучен удар 21“ започна на 17 мај, ќе трае до 2 јуни 2021 година и е вежбовна активност од поголеми размери и е во рамките на „Defender Europe 21″ во која учествуваат 27 држави со 28. 000 војници и чија цел е да ја демонстрира подготвеноста на армиите за кредибилна одбрана која вклучува многу компјутерски поддржани вежби, теренска обука и воени гаѓaња.
На Криволак беше и министерката за одбрана на Црна Гора, потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, членови на собраниската Комисија за одбрана, началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и други високи армиски претставници, амбасадорката Кејт Мари Брнз, како и дипломатскиот кор.
Фотографија: ФБ профил на Радмила Шеќеринска