НЕ Е ЕТНИЧКИ МАКЕДОНЕЦ ЛИЦЕТО ШТО ГО СКРШИ СТАКЛОТО НА БУГАРСКАТА АМБАСАДА Петар Колев за бугарски медиум откри дека лицето е бездомник

Колев во интервјуто не ја исклучи можноста Бугарија да инсистира на запирање на европските средства за Северна Македонија.

0

Лицето што скрши стакло на вратата на Бугарската амбасада во Скопје не бил етнички Македонец и бил бездомник.

Ова го објави Петар Колев, лидер на бугарска политичка партија во Македонија, во интервју за бугарски медиум.






– Чудно е што лице кое не е Македонец и живее на улица би извршило таков чин без дополнителен поттик – рече Колев во дебата во која неговата соговорничка сугерираше дека можеби напаѓачот бил платен за да ја направи оваа провокација.

Во својата анализа, Колев ги спореди односите меѓу Северна Македонија и Бугарија со оние меѓу Северна и Јужна Кореја, кои толку многу заостануваат во својот развој токму поради политичките режими. Колев не ја исклучи можноста Бугарија да инсистира на запирање на европските средства за Северна Македонија.

– Средствата за пристапување доаѓаат од нашите даноци – од европските земји. Исто како што можат да бидат запрени за Унгарија, можат да бидат запрени и за Северна Македонија – рече тој во интервјуто.

 

Поврзани содржини