НЕ Е ДОГОВОРЕНО РУСИЈА ДА ПОСТАВУВА УСЛОВИ Рускиот гас ќе го плаќаме во евра, а не во рубљи

Сите текстови што се потпишани се јасни. Ова е забрането, рече францускиот претседател Емануел Макрон на прес-конференција по синоќешниот самит на ЕУ во Брисел.

592

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека нема причина да се прифати барањето на Русија за плаќање на рускиот гас во рубљи.

– Сите текстови што се потпишани се јасни. Ова е забрането – рече Макрон на прес-конференција по синоќешниот самит на ЕУ во Брисел.






Тој додаде дека „европските компании кои купуваат гас и работат на европска територија мора да го прават тоа во евра“.

– Затоа не е можно да се направи тоа што се бара денеска, тоа не е договорено – изјави Макрон.

Францускиот претседател додаде дека не верува оти Русија сака да ги раскине договорите, но изјави дека, ако е така, тогаш Москва треба тоа да го каже експлицитно, пренесуваат британските медиуми.

Поврзани содржини