НЕ Е ДОБРО ПРАТЕНИЦИ ДА ВРШАТ ИНТЕРПЕЛАЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УСТАВНИОТ СУД Гаши очекува да се повлече точката од дневниот ред
Точката за интерпелација на претседателот на Устаениот суд, Дарко Костадиновски е прва за разгледување на утрешната седница и претседателот на Собранието Африм Гаши очекува таа да биде повлечена при изгласувањето на дневвниот рен. Интерпелацијата ја поднесе пратеничката група на Европски фронт, а Костадиновски предупреди дека тоа е противуставно и дека нема ниту да одговори на иницијативата, ниту да присудтсвува на седницата.
Не е добро Собранието да врши интерпелација на претседател на Уставен суд, сметаат најголем дел од пратеничките групи, но засега не се знае дали точката ќе биде повлечена од дневниот ред на утрешната пленарна седница. Точката за интерпелација на претседателот на Устаениот суд, Дарко Костадиновски е прва за разгледување и претседателот на Собранието Африм Гаши очекува таа да биде повлечена при изгласувањето на дневвниот рен. Интерпелацијата ја поднесе пратеничката група на Европски фронт.
Пленумот ќе одлучи дали ќе се истера интерпелацијата до крај
По редовната координација со координаторите на пратеничките групи, вчера Гаши на редовен брифинг со новинарите истакна дека кај пратеничките групи преовладува перцепцијата дека не треба да има интерпелација за Костадиновски и дека е потребно толкување на Уставот.
– Се отвори прашањето за интерпелацијата на претседателот на Уставниот суд. Ние ја ставивме како точка на дневниот ред. Имаше дискусија дали сме постапиле добро, дали е во ред или не, што е нормално, наша, и моја дилема како Собрание, како кабинет и како служба. Ние се водевме по членот 72 од Уставот и 47 од Деловникот на Собранието каде се вели „интерпелација може да се покрене за секој носител на јавна функција“. Сега ние како Собрание мораме да го процесираме тоа. Од друга страна зборуваме за судска власт и тоа остана тема која ќе ја видиме. Можеби некој од пратениците ќе бара таа точка да се тргне од дневниот ред. Главно, на координацијата со координаторите на пратеничките групи преовладуваше перцепцијата дека не е добро како Собрание да вршиме интерпелација на претседател на Уставен суд. Ќе видиме како ќе одлучи пленумот – рече Гаши.
Што значи „носител на јавна функција“?
Тој најави дека ќе бара од собраниската Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања да одржи јавна расправа за дефинирање на зборот „носител на јавна функција“.
– Не спорно е дека интерпелацијата се однесува на лица кои се бават со јавна функција а кои се избрани во Собранието, неспорно е и дека Костадиновски беше избран за член на Уставниот суд во Собранието, но по предлог на претседател на држава. Тој сега е претседател на Уставниот суд и затоа сметам дека потребно е Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања да даде поконкретна дефиниција бидејќи сепак Уставниот суд е највисока инстанца. Да се дефинира поточно терминот „носител на јавна функција“, затоа што тука спаѓаат претседателот на државата, градоначалниците, особено судовите. Мислам дека треба правно да го разјасниме, за понатаму да не остане тоа на волјата на претседателот на Собранието или некоја индивидуа, туку да оставиме институционален траг како да се постапува по овие иницијативи – рече Гаши.
Тој додаде дека подносителите на иницијативата, односно ДУИ, не присуствувале на координацијата, на која тој сакал да предложи таа точка да се тргне од дневниот ред, но не го сторил тоа за да не биде обвинуван од пратениците на ДУИ дека одлучил во нивно име. Тој додаде и дека ДУИ реагираше за интерпелацијата за членовите на Судскиот совет дека нема јасна дефиниција за носител на јавна функција, а сега тие сами предлагаат.
Гаши соопшти и дека Собранието ги следеше сите рокови и до Костадиновски е испратена интерпелацијата. Тој имал рок да одговори, но не одговорил.
Преседанот е направен
Од Европскиот фронт реагираа дека интерпелацијата како точка веќе е ставена на дневен ред и мора да се дискутира, исто како што се дискутираше и за членовите на Судскиот совет. Најавија и соодветна политичка реакција доколку точката биде тргната.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Уставниот суд е највисок орган кој мора да се почитува и дека самите уставни судии единствено можат да одлучуваат за довербата кон претседателот.
Од СДСМ велат дека преседанот е направен кога се гласаше недоверба на членови на Судскиот совет и дека таа лоша пракса продолжува и сега. Потенцираат дека Уставниот суд е највисок орган надлежен за спроведување на Уставот и дека не треба да биде предмет на каква било дискусија во рамките на законодавниот дом.
На Европскиот фронт му пречи терминот „малцинство“
Европскиот фронт поднесе интерпелација за Костадиновски затоа што давал навредливи изјави за Законот за употреба на јазиците, употребувал дискриминаторска терминологија до Венецијанската комисија, односно, наместо „немнозински заедници“, го користел терминот „малцинство“ и дека Уставниот суд не го корсти албанскиот јазик во својата комуникација и на веб-страницата.
Претседателот на Уставниот суд пак веќе се изјасни дека интерпелацијата против него е противуставна и дека нема да се појави на собраниската седница. Тој рече дека Уставот не предвидува никаква можност за интерпелација на уставен судија, како претставник на четвртата власт во државата, која ги контролира останатите три власти.
Во врска со овие ставови на Костадиновски претседателот на Собранието Гаши минатиот месец рече дека во Уставот не е предвидена интерпелација ниту за премиер, ниту за јавен обвинител, ниту за ниедна конкретна функција.