НЕ Е ДО ТУНЕЛОТ, ДО КНИШКАТА Е! Алтернатива тврди дека смената на директорот на „Идризово“ е исклучиво политичка

Ова акција во Идризово се подготвувала подолго време и ќе биде запишана како историски успех на директорот на затворот во Идризово. За жал, Министерството за внатрешни работи се кити со туѓи перја – се вели во соопштението на Алтернатива.

761

Разрешениот директор на затвотот „Идризово“ Шпенд Тахири е заслужен за откривањето на тунелот што го копале затворениците да избегаат, и неточно е и неблагодарно да се каже дека тој е сменет по казна, туку единствена причина што е сменет е тоа што тој доаѓа од нашата партија – реагира Алтернатива за Албанците со соопштение.

Вчерашната акција во затворот во Идризово, што резултираше со откривање на еден тунел кој бил ископан долго време за бегство на затворениците, е токму резултат на ангажманот на директорот од Алтернатива таму, Шпенд Тахири. Затоа, да се каже дека директорот на затворот Идризово е сменет како казна не само што е недолично, туку е и неблагодарно кон човекот кој до последниот ден на својата работа работел без ниту една афера и без ниту едно обвинение од никого за неговата коректна работа. За жал, повеќе благодарни за неговата работа се нашите меѓународни пријатели отколку нашите државни институции.






Како и да е, токму благодарение на совесното менаџирање на затворската институција од страна на Шпенд Таири беа откриени, фатени и санкционирани безброј обиди за бегства и внесување на наркотични средства во затворскиот круг, вклучително и овој последниот, кој е круна на неговиот успех. Всушност, ова акција во Идризово се подготвувала подолго време и ќе биде запишана како историски успех на директорот на затворот во Идризово.

За жал, Министерството за внатрешни работи се кити со туѓи перја – сака да придобие од работата на некого кој и со жртвување на својот и животот на своето семејство работел достоинствено и со најголема професионална совест во институција, која можеби е најтешка за менаџирање во државата.

За информација на јавноста, Шпенд Тахири е сменет само заради тоа што бил кадар на Алтернатива. Но, се чини, дека нарцисите од династијата на ДУИ и недостојните за договори од СДСМ, очигледно се алергични на критики. Сакаме да потсетиме дека Шпенд не е виновен што овие две партии ги уживаат последните денови на својата власт и ова состојба на паника ги тера да реагираат на штета на државните интереси. Веќе видено очајно сценарио на политички губитници“ – се вели во соопштението на Алтернатива за Албанците.

ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО Генерал-мајор Зоран Јовановски е именуван за нов управител на Казнено-поправниот дом

 

Поврзани содржини