📷 НЕ Е ЧОЛА, ТУКУ ВЛАДО! Крива Паланка ги измеша гостите, па ја исправи грешката

Георгиев беше музички гостин на вчерашната прва фестивалска вечер на „Џојфест“. Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, заедно со министерот Љупчо Николовски му посакаа срдечно добредојде. Но, во објавата на официјалната Фејсбук страна на општината со фотографиите од пречекот на Владо Георгиев, беше објавено дека го пречекале Здравко Чолиќ!

3,065

Домаќински пречекан, Владо Георгиев во Крива Паланка, по грешка стана Здравко Чолиќ! Возбудени од музиката, во Крива Паланка ги измешаа гостите. И тоа не било кој, туку двете балкански музички легенди инаку и двајцата специјални гости на годинешното издание на фестивалот „Џојфест“.






Георгиев беше музички гостин на вчерашната прва фестивалска вечер на „Џојфест“. Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, заедно со министерот Љупчо Николовски му посакаа срдечно добредојде. Но, во објавата на официјалната Фејсбук страна на општината со фотографиите од пречекот на Владо Георгиев, беше објавено дека го пречекале Здравко Чолиќ!

По бројните реакции на социјалните мрежи, грешката беше исправена.

Инаку, Здравко Чолиќ на „Џојфест“ ќе гостува вечерва и сигурно и тој како и неговиот колега ќе биде домаќински пречекан.

Поврзани содржини