НЕ ДОЗВОЛУВАМЕ НИ ЛИТАР НАФТА ДА СТИГНЕ ДО САД И ДО НИВНИТЕ СОЈУЗНИЦИ Иран се закани дека цената ќе скокне до 200 долари за барел

По сегашната политика на одмазднички напади, ќе преминеме на континуирани напади врз своите противници, а САД нема да можат да ги контролираат цените на нафтата, објави воената оперативна команда Хатам Ал-Анбија, која ги координира воените операции на редовната армија и на Револуционерната гарда.

1,069

Иран најавува промена во тактиката во војната.

„По сегашната политика на одмазднички напади ќе преминеме на континуирани напади врз своите противници, а САД нема да можат да ги контролираат цените на нафтата“, објави воената оперативна команда Хатам Ал-Анбија.






Хатам Ал-Анбија е главната оперативна команда на иранските вооружени сили, која ги координира воените операции на редовната армија и на Револуционерната гарда. Тоа е штабот кој ги планира и води најголемите воени операции на Иран во воени и во кризни ситуации.

– Нема да дозволиме ниту еден литар нафта да стигне до САД, ционистите и до нивните партнери. Секој брод или танкер што плови кон нив ќе биде легитимна цел. Подгответе се цената на барел нафта да достигне 200 долари бидејќи цената на нафтата зависи од регионалната безбедност, која вие ја дестабилизиравте – рече портпаролот на командата, Ебрахим Золфагари.

Војната веќе ги зголеми цените на нафтата. Во понеделникот цените накратко се приближија до 120 долари за барел, што е највисоко ниво во последниве речиси 4 години, па делумно се смирија подоцна во текот на денот.

Техеран ефикасно го прекина товарниот сообраќај низ Ормускиот Теснец, низ кој се пренесува околу една петтина од светската трговија со нафта.

Денеска 4 бродови што минуваат низ Персискиот Залив и Ормутскиот теснец беа погодени од ракети, а Централната команда на САД вчера соопшти дека американските сили уништиле неколку ирански воени бродови во близина на теснецот.

Поврзани содржини