НЕ ДОЗВОЛИВМЕ НАПРЕДОК ВО ОДНОСИТЕ СО РС МАКЕДОНИЈА Каракачанов тврди дека 80 отсто од Бугарите имаат ист став со неговата партија
Лидерот на бугарското ВМРО пред заминување од функцијата вели дека како партија не дозволиле компромис во спорот со земјава.
Претседателот на бугарската ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов вели дека партијата никогаш не правела компромис и тврди дека 80 отсто од Бугарите се против отстапки во спорот со земјава.
– Ние никогаш не направивме компромис и благодарение на ВМРО не се дозволи напредок во односите со Република С Македонија. Тука се тие кои ние не ги предадовме и поважно кои сами не се предадоа и покрај притисокот на кој секојдневно се подложени од властите во РСМ. И покрај неразбирањето на дел од бугарското општество што точно се случува. Фала богу тоа е мал дел од бугарското општество, бидејќи 80 отсто од Бугарите не сакаат Бугарија да прави компромис за својата историја – рекол Каракачанов на вонредниот конгрес на партијата.
Тој додал и дека на европските избори ВМРО доби двајца пратеници во Европскиот парламент.
-Тие продолжуваат да ги заштитуваат правата на македонските Бугари – рекол Каракачанов.
Каракачанов, претходно објави дека се повлекува од претседателската функција во партијата и предложи тројца копретседатели да го преземат кормилото.