НЕ ДОАЃА ПРЕДВИД ДА СЕ ЗАТВОРИ КОШАРКАРСКОТО ИГРАЛИШТЕ Општина Центар ќе го реши проблемот со детскиот џагор
Граѓаните во отвореното писмо до јавноста, велат дека најголем проблем им претставува кошаркарското игралиште, од кое покрај вревата и пискотниците, во становите од новоизградената зграда постојано се чувствуваат вибрации пренесувани по ѕидовите.
Група на граѓани на Општина Центар, кои живеат во непосредна близина на реновираното играчлиште „Славка Недиќ“ во Дебар Маало, се жалат на неподнослива врева во текот на поголемиот дел од денот и бараат од локалната власт игралиштето да биде дислоцирано.
Граѓаните во отвореното писмо до јавноста, велат дека најголем проблем им претставува кошаркарското игралиште, од кое покрај вревата и пискотниците, во становите од новоизградената зграда постојано се чувствуваат вибрации пренесувани по ѕидовите. Граѓаните се пожалиле и на вандализам, но и дека неретко на игралиштето се пронаоѓаат и шприцови.
Стапивме во контакт со градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, кој ни објасни дека не доаѓа во предвид да се затвори или дислоцира кошаркарското игрлиште, коешто беше реновирано во текот на минатата година.
– Остварив средба со граѓаните кои живеат крај игралиштето и договривме проблемот да биде решен со тоа што ќе ангажираме чуварска служба, која во текот на ноќните часови ќе го обезбедува објектот, во кој ќе биде забрането да се собират младите во тој период. Воедно лично се ангажирав во МВР, од каде добив гаранции дека полицијата ќе внимава повеќе на тој реон, што и навистина се случи. Инаку, кошаркарското игралиште нема да се дислоцира, иако дел од граѓаните тоа го бараат, бидејќи ние се залагаме за спортски активности на младите од нашата општина – потврди Герасимовски, во изјавата за Плусинфо.