НЕ ДАВАЛЕ ДА ИМ ГО УАПСАТ ДРУГАРОТ Приведени тројца кавадарчани

Во Кавадарци, полициски службеници ги лишиле од слобода 44-годишниот А.Д. и 25-годишниот И.Т. бидејќи при приведување на 41-годишниот сограѓанин К.Н., кој агресивно се однесувал и им се заканувал на полициските службеници, ги спречувале при преземање на службените дејствија.

408

Тројца кавадарчани биле задржани во полиција рано изутринава, едниот бил агресивен и им се заканувал на полицајци, двајца ги спречувале полицајците во преземање на службени дејства, информира денеска СВР Велес.

„Во 01.45 часот, на улица Киро Крстев во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода кавадарчаните А.Д. (44) и И.Т. (25) затоа што при приведување на сограѓанинот К.Н.(41), кој агресивно се однесувал и им се заканувал на полициските службеници, ги спречувале при преземање на службените дејствија. А.Д., И.Т. и К.Н. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти СВР Велес.






Оттаму додаваат дека синоќа околу 23.30 часот во комплексот на спортската сала „Младост“ во Неготино, за време на натпревар во футсал на Меморијален турнир во мал фудбал „Крсте Велјанов 2024“, помеѓу две екипи од Неготино, по кратка расправија, настанала физичка пресметка меѓу играчите Ж.Д. (31) од село Долни Дисан, Неготинско и М.М. (29) од Скопје, по што турнирот бил прекинат.

Поврзани содржини