НÈ ЧЕКА МНОГУ РАБОТА И УШТЕ ПОВЕЌЕ ПРОБЛЕМИ, ПРАЗЕН БУЏЕТ… Со посветена работа секоја препрека ќе ја надминеме, порача Димитриеска Кочоска
Знам колку големи се очекувањата на сите граѓани на Македонија во овие тешки времиња, добро се сеќавам на сите разговори во изминатите години со секој еден граѓанин со кој се сретнав и знам на што се обврзав - вели потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска, предложена за министерка за финансии во новата влада.
Ја изразувам мојата благодарност за сета доверба, но и одговорност, кои ми ги укажаa претседателот Христијан Мицкоски, Извршниот Комитет и Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, предложувајќи ме за министерка за финансии во идната влада на Република Македонија, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ.
– Знам колку големи се очекувањата на сите граѓани на Македонија во овие тешки времиња, добро се сеќавам на сите разговори во изминатите години со секој еден граѓанин со кој се сретнав и знам на што се обврзав. Свесна сум за одговорноста која нѐ очекува по преземањето на функциите, но исто така знам дека со посветена работа секоја препрека ќе ја надминеме – истакнува Димитриеска Кочоска.
Програмата по која ќе работи идната Влада на Република Македонија има голема задача, а таа е враќање на Македонија на народот.
– Нѐ чека многу работа и уште повеќе проблеми, празен буџет кој е лошо планиран и што уште не. Но, ќе работиме, тоа е единственото што го знаеме, затоа што секој од нас е посветен работник. Успеавме Македонијо, за подобри и поубави денови во иднина!- нагласи Димитриеска Кочоска.