НЕ, БЛАГОДАРИМЕ ЗА СТРУЈА ОД 400 ЕВРА! Бислимоски предлага да се избегне маржата кон ЕВН и ЕСМ да им продава струја на училиштата и на компаниите

Знам дека постои одредено незадоволство, но да се покажеме солидарни и да не очекуваме грејна сезона со 24-25 степени Целзиусови во некои станови. Да потсетам дека побогати земји температурата ја намалија на 18 и 19 степени. Ние како РКЕ не се одлучивме да ги намалуваме тие гранични температури, рече Бислимовски.

1,249

Минати се времињата кога еден стан со парно се загревал со температура од 24 степени Целзиусови и повеќе, изјави претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски за Студио 10 на ТВ 24.

– Навечер ќе има парно, сигурно тоа го следат од ЕСМ и ако е температурата под 15 степени, верувам дека ЕСМ ќе ги затопли радијаторите и во ноќните часови, но треба да се штеди за да имаме доволно средства и да не се прави притисок на цената. Знам дека постои одредено незадоволство, но да се покажеме солидарни и да не очекуваме грејна сезона со 24-25 степени Целзиусови во некои станови. Да потсетам дека побогати земји температурата ја намалија на 18 и 19 степени. Ние како РКЕ не се одлучивме да ги намалуваме тие гранични температури – рече Бислимовски.






Тој вели дека во моментов цената на природниот гас, од кој се претвора топлинска енергија, е 1.500 евра за нормален метар кубен и е двојно помала од пикот од 3.000 евра за нормален метар кубен, што се покажало како добар потег на Владата да чека и да не закупува однапред гас за топланите.

– Да купевме во јули и август ќе платевме 3.000 евра, сега е 1.500 долари. Калкулиравме дека греењето ќе немаше никаква логика. Ќе требаше да се платат дополнителни 180 до 200 милиони евра на грбот на потрошувачите – наведе Бислимовски.

Тој објасни зошто се изјалови надежта на Владата за набавка на електрична енергија од Бугарија по пониски цени од берзанските.

– Од тие информации што ги имам, не се договорија. Ете, Бугарите кажаа дека не можеле од Бугарија да дојде електрична енергија по цена којашто е различна од берзанската. Лично мислам дека Бугарија можеше да помогне во тој дел и да даде електрична енергија по цена којашто ја баравме – колку што читав, меѓу 150 и 200 евра за мегаватчас, а тие, неофицијално, ја нуделе за 400 евра. Е па, им благодариме многу за 400 евра. Нека си ја чуваат, не ни треба! Си ја купуваме ние за 400 евра. Ја купувавме. Бугарија во 2021 година извезе 9 милијарди киловатчасови. Нашата вкупна потрошувачка, со загуби, со сè, цела држава, ни е 7 милијарди киловатчасови. Ние им побаравме од тоа што извезле 2 проценти по една нормална цена. В ред, не сакале – не сакале. Тие си знаат што прават – изјави Бислимовски.

Тој предлага основните и средните училишта, македонските компании, јавните комунални претпријатија и прочистителните станици да добијат пониска цена на електричната енергија од пазарната и наместо да се финансира ЕВН и да му се плаќа маржа, ЕСМ директно да им ја продава на нив.

– Мојот предлог е ЕСМ преку својата компанија за продажба, директно да им продава на овие категории на потрошувачи по цена, која што ќе биде пониска од цената која што е во моментов на регулираниот пазар за малите потрошувачи. На тој начин ќе избегнеме на ЕВН Хоум да им се даваат дополнителни пари за маржа, а ќе обезбедиме ЕСМ како државна компанија, која што добила субвенции од државата, да ги намали овие субвенции – рече Бислимоски во емисијата Студио 10 на ТВ 24.

На овој начин, како што нагласи, ќе им се помогне на училиштата, компаниите и јавните комунални претпријатија со цена која е поволна за нив и прифатлива.

– Со предлогот на опозицијата, доколку се вратат сите овие на регулираниот пазар на електрична енергија во тој случај цената на електрична енергија што ЕСМ ќе ја продава на ЕВН Хоум е 48 евра за мегават час, но маржата на ЕВН Хоум ќе се зголеми за дополнителни 5 до 6 милиони евра – посочи Бислимоски.

Тоа, според него, дополнително ќе врши притисок за зголемување на цената што ја плаќаат сите потрошувачи на регулираниот пазар по 1 јануари идната година.

Поврзани содржини