Не, благодарам, јас сум среќно вљубен: Вака Швајнштајгер ја одбил Ана Ивановиќ ФОТО

5,499

Дека вистинската љубов секогаш го пронаоѓа својот пат. доказ се парот Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер.

Откако се појави во светот на спортот, српската тенисерка ги освои сите со својата убавина. Стана сон на многу мажи, но првата средба со германскиот фудбалер не поминала добро.






Филмот кој е прикажан во чест на Бастијан кога ја заврши фудбалската кариера, е опишан и моментот на нивното запознавање.

– Не, благодарам, јас сум среќно вљубен – ѝ рекол Германецот, кој во тоа време бил во седумгодишна врска со манекенката од Минхен, Сара Бранднер. Иако сите ја исчекувале нивната венчавка, тие раскинале во 2014 година, а причината била подоцна откриена – Бастијан лудо се вљубил во Ана.

Како всушност се запознале Ана и Бастијан, за германскиот „Билд“, открил тренерот на кошаркарите на Баерн, Светислав Пешиќ.

„Мојот пријател Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ се во емотивна врска, ги запозна мојата ќерка Ивана. Нека се сакаат децата и нека се држат за рака“, рекол Пешиќ.

По тајната свршувачка следуваше прекрасна венчавка во Венеција, на 12 јули 2016 година, а свадбената церемонија ја проследија над 200 медиуми од целиот свет.

Родителството го збогатил нивниот живот од соништата – во март 2018 година го добија синот Лука, а во август 2019 година и вториот син Леон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини