НЕ БИЛО ПРОБЛЕМ ШТО НАПИШАЛ ЛАЖНА ВЕСТ Ништо страшно, тоа беше сарказам, вели Ангелов

Најмалку јас помислив дека член на делегација на ВМРО-ДПМНЕ украл моторна пила. Се работеше за шега, доколку некој се пронашол во овој твит јас се извинувам немав лоша намера – изјави Ангелов.

880

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов не гледа ништо лошо што на социјалните мрежи коментирал за нешто што не било вистина.

Ангелов појасни дека било лажна вест дека од австриските пожарникари е украдена пила и дека тој сакал да се пошегува кога ги посочил припадниците на ВМРО-ДПМНЕ, коишто помагаа околу гасењето на пожарите, како виновници за наводната кражба на пилата.






– Тогаш напишав саркастичен твит кој гласеше „Да бидам искрен и јас поверував на лажната вест за украдената моторна пила од австриските пожарникари, а и како да не поверувам кога токму тој ден околу Австријците се моташе делегација на ВМРО-ДПМНЕ“. Ова е обичен твит кој за твитер е нормален, каде преку исмевање укажувам на апсурдот дека е украдена моторна пила. Најмалку јас помислив дека член на делегација на ВМРО-ДПМНЕ украл моторна пила. Се работеше за шега, доколку некој се пронашол во овој твит јас се извинувам немав лоша намера – изјави Ангелов.

Поврзани содржини