НЕ БИЛЕ МАСКИРАНИ ТЕПАЧИТЕ НА СЕЈДИНИ Полицијата трага по напаѓачите на претседателот на ФФМ

Вчера беше објавено дека Сејдини заедно со уште еден придружник биле во скопскиот ресторан „Балканика“, а по напуштањето на состанокот биле нападнати од маскирани лица.

829

Не биле маскирани лицата кои во петокот попладне го нападнаа претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, соопшти полицијата. Напаѓачите не се пронајдени.

„На 27.9.2024 година околу 18.40 часот М.С.(55) од Кичево пријавил дека пред угостителски објект во Скопје бил физички нападнат од неколку лица, кои при нападот немале маски на главите. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за расчистување на случајот.“, соопшти полицијата.






Алсат вчера објави дека Сејдини заедно со уште еден придружник биле во скопскиот ресторан „Балканика“, а по напуштањето на состанокот биле нападнати од маскирани лица.

Во врска со овој инцидент опозициската ДУИ упати сериозна реакција со осуда и со тврдење дека Сејдини бил нападнат како Албанец и предупреди на нарушување на меѓуетничките односи.

Поврзани содржини