НЕ БИЛ ФАТЕН СО ДРОГА, ТУКУ НЕМАЛ ПАТЕН НАЛОГ Од МВР ги демантираа вестите за возачот од МНР

„На 16.04.2024 година од страна на полициски службеници при ОВР Кичево во 22,35 часот во Кичево било сопрено возило сопственост на МНР (марка „рено") управувано од лицето Ќ.Б., а од МНР било побарана евиденција за патниот налог“, велат од МВР.

1,084

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите кои се појавија во медиумите дека возач кој бил вработен во Министерството за надворешни работи со службено возило на тоа министерство бил фатен од страна на полициски службеници при што во возилото била откриена дрога.

„На 16.04.2024 година од страна на полициски службеници при ОВР Кичево во 22,35 часот во Кичево било сопрено возило сопственост на МНР (марка „рено”) управувано од лицето Ќ.Б., при што била извршена рутинска контрола во која не биле пронајдени никакви предмети во интерес на службата. По службена должност бил доставен допис до МНР околу проверка на сопственоста на возилото и околу евентуалниот патен налог за управување на возилото кој што возачот не го доставил на полициските службеници“, пишува во демнатот од МВР.






Министерството за внатрешни работи уште еднаш ги отфрла сите шпекулации околу постоењето на некаков случај, и апелира до средствата за јавно информирање сите прашања од нивен интерес да ги проверат во соодветните служби на МВР, пред тие да попримат шпекулативен и тенденциозен карактер со кој се нанесува штета и на Министерството.

ШОФЕР ВО МНР ФАТЕН СО ДРОГА ВО ОХРИД? Некој го крие случајот веќе 2 месеца

Поврзани содржини