НЕ БЕА РУСИТЕ Трамп знае кој го разнесе Северен Тек

Не сакам да ја доведувам нашата земја во неволја, затоа нема да одговорам. Но, можам да ви кажам кој не беше виновник, а тоа е Русија. Но, (САД) ја обвинија Русија, вели Трамп додавајќи дека САД „си го добиле“ за оваа работа.

355

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги отфрли тврдењата дека Русија стои зад уништувањето на гасоводите „Северен тек“ минатата година, но рече дека шпекулирањето за вистинскиот сторител може „да ја доведе нашата земја во неволја“.

Зборувајќи со Такер Карлсон од Фокс во интервјуто што беше емитувано оваа недела, Трамп беше прашан за неговите размислувања за тоа „кој го разнесе гасоводот Северен тек“, кој беше погоден од повеќе експлозии под мистериозни околности минатиот септември.






– Не сакам да ја доведувам нашата земја во неволја, затоа нема да одговорам. Но, можам да ви кажам кој не беше виновник, а тоа е Русија. Но, ја обвинија Русија. Тие рекоа „Русија го разнесе сопствениот гасовод“. Епа, за ова си го добија. Русија не го разнесе Северен тек – изјави Трамп за експертот на Фокс њуз.

Разнесувањето на гасоводот уште се истражува. Додека САД ја обвинија Русија, Русите го обвинија Киев.

Претходно годинава, истражувачката сторија на познатиот новинар Сејмур Херш крена прашина во јавноста. Херш тврдеше дека војници на НАТО со помош на Норвешка успеале да постават експлозиви на цевката и да ги активираат со далечински управувач во специјална акција.

Поврзани содржини