НЕ БАРАВМЕ ТЕНЗИИ ИЛИ КОНФЛИКТ, СООЧЕНИ СМЕ СО АГРЕСИЈА Иранскиот претседател му одговори на Макрон
Овие напади беа извршени користејќи ја територијата на некои земји од Персискиот Залив. Оставањето земјиште и објекти на располагање на Америка за брутални напади врз Иран е спротивно на меѓународното право и принципот на добрососедство - истакна Пезешкијан.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави за време на разговорот со францускиот претседател Емануел Макрон дека Иран ќе го брани својот територијален интегритет и национална безбедност и дека „не се двоуми“ да се соочи со агресорите, објави денеска Иран Прес ТВ.
За време на разговорот доцна синоќа, Пезешкијан детално му ги опиша на Макрон димензиите на тековната американска и израелска агресија против Иран, за која рече дека е нелегална, и нагласи дека агресорите продолжуваат да напаѓаат разни цели, вклучително и цивилни центри.
Тој посебно ги спомена неодамнешните напади врз два ирански острови, Харг и Абу Муса, нагласувајќи дека овие напади биле извршени од територијата на одредени земји од Персискиот Залив.
– Овие напади беа извршени користејќи ја територијата на некои земји од Персискиот Залив. Оставањето земјиште и објекти на располагање на Америка за брутални напади врз Иран е спротивно на меѓународното право и принципот на добрососедство – истакна Пезешкијан.
Тој додаде дека иако Иран никогаш не барал тензии или конфликт, неговиот одговор на агресијата ќе биде одлучувачки.
Пезешкијан го критикуваше деструктивниот пристап на одредени европски земји во поддршката, како што изјави, на злосторствата на израелскиот режим и САД во регионот и ги повика да се придржуваат кон меѓународното право и владеењето на правото на глобално ниво.
Францускиот претседател Емануел Макрон, синоќа, по разговорот со Пезешкијан, на платформата „X“ објави дека испратил порака до иранскиот претседател неговата земја веднаш да ги прекине неприфатливите напади што ги спроведува врз земјите во регионот на Блискиот Исток, директно или преку своите посредници, вклучувајќи ги Либан и Ирак.
МАКРОН ГО ПОВИКА ИРАН ДА ГИ ПРЕКИНЕ НАПАДИТЕ Телефонски разговарал со иранскиот претседател