„НЕ БАРАЈ ОД ТАТО, МАМА ДУШАТА ЌЕ ЈА ДАДЕ ЗА НАС“ Вања верувала дека ќе ја пуштат, Панче бил убиен како „колатерала“
Ми рече ќе земеме по 20.000 евра. Палевски една вечер извади слика од девојчето, кое личеше на повозрасна жена. Да знаев дека е девојче, немаше да учествувам, рекол Манев во првиот исказ пред обвинителите.
Обвинителството го презентираше првиот исказ што го дал второобвинетиот Велибор Манев за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на 3 декмеври 2023 година.
„Пред 4 месеци се јави идеја кај Љупчо Палевски, да грабнеме некоја личност. Ми рече ќе земеме по 20.000 евра. Палевски една вечер извади слика од девојчето, кое личеше на повозрасна жена. Да знаев дека е девојче, немаше да учествувам. Прво го грабнавме Панче. Се каев што направив ваква глупост.
‘Цитроенот’ го однесовме во Скопје. За детето, Палевски ни кажа дека излегува во 7.20 часот. Во зградата, кога личноста излезе, не забележавме дека е дете. Ја врзавме и ја ставивме во вреќа.
Личноста не даде никаква реакција, се погоди надвор да нема никој. Ја ставивме во гепек и продолживме со ‘цитроенот’. Палевски беше пред нас… Палевски рече дека се кренала галама на мрежите за детето. Извади лопата и ашов и ни рече да ископаме дупка.
Ја испрашуваше чија е. Му рековме дете е, да ја пуштиме. Тој пукаше во неа. Ја закопавме. Отидовме до местото каде го запаливме ‘цитроенот’. Палчо го фрли кибритот.
По настанот отидовме во Велес. Јас немам мир, зошто не го пуштивме девојчето. Палчо испука куршум. Немавме време да реагираме. Со истиот пиштол го уби и Панче.
По настанот контактиравме, Палчо ни рече: „Немајте гајле“. После замина за Белград, што беше чудно, ако е се во ред, зошто бегал во Белград. Не читав текстови за девојчето, не отворав ниту Фејсбук, е наведено во записникот од 3 декември 2023 година како исказ на Манев.
Во записникот од 6 декември е наведено дека Манев бил воодушевен од идеите на Палевски.
„Тоа беше најголема глупост. Ни текна да направиме земуница, каде ќе може да се седи два дена. Јас ја ископав во ноември 2022 година, внатре ставив скали. Но, никогаш не помислив дека тоа ќе биде гроб за некој човек. Палевски дојде, рече дека е добра.
Ми рече да спуштам еден тежок тег. Прашав зошто е тегот, Палчо ми рече, ќе се најде. Помина една година, се направи партијата, трчавме за регистрацијата. Но партијата немаше пари. Палевски даде идеја да киднапираме особа за да земеме пари, за партијата и за нас. Му реков прави што ќе равиш, само да нема мртви.
Тој почна да планира кого да киднапира, како, што. Еден ден ми покажа слика на женска особа, многу личеше на Вања. Си реков добро, возрасен човек е, ќе ја грабнеме, ќе ја пуштиме.
Палевски е нон-стоп со Кешиешв и се направивме тројка. Го поканивме и Боре и тој прифати и сега таа екипа дремеме во Шутка. Палевски продложи да разгледува личнсти, оти му требаше возило со кое ќе се грабне личноста од сликата.
Со Панче се знам одамна, ми остана должен, сакав да го тепам, не го тепав. Бев пријавен од него, добив забрана за приближување и кренав раце од таа работа. Се направи план за земање на колата на Панче. Палчо продолжи да истражува и за жената, каде оди, во колку излегува.
Ни рече деновиве ќе завршиме. Јас живеам близу до куќата на Панче. Вечерта пред грабнувањето дојдоа кај мене тројцата. Се распоредивме утрото околу куќата и чекавме. Јас бев на горната страна на куќата и чекавме Панче да излезе.
Се договоривме да чукнеме на врата, за Панче да отвори. Така сторивме, Панче отвори, Боре го турна, го удри и го врзавме. Некој зеде церада која беше во близина, го замотавме во церадата. Палчо ги зеде клучевите и телефонот.
Влеговме во неговиот цитроен, а Кешишев не чекаше со рено кангу. Го наполнивме цитроенот со горивото кое го купивме претходната вечер. Палевски го фрлил телефонот на Панче некаде во дол. Палевски возеше напред, ние зад него. Возеше кон земуницата.
Помислив ќе ги спуштиме таму, ќе го држиме ден-два. Го извадивме, го оставивме пред дупката. Палчо извади пиштол и го турна во дупката. Јас се запрепастив. Дупката ја закопавме по 3 или 4 дена. Кешишев не беше присутен, не чекаше со кангуто 300-400 метри подолу.
Го прашав Палчо, зошто го уби, рече ‘Нека оди колатерала и така е преварант’. Тргнавме кон Скопје, го оставивме цитроенот во Маџари и со кангуто отидовме до партијата. После јас и Боре си отидовме во Велес.
Следното попладне дојдовме до Скопје, Палчо ни рече преместете го цитроенот на друго место, да не е сомнително. Го преместивме. После следниот ден го користев кангуто за лични потреби, а вечерта отидовме во Скопје за да се подготвиме за вториот план.
Вечерта се собравме и планот беше, бидејќи има сутерен, личноста која треба да ја грабнеме, да и ставиме со рака на уста и да ја ставиме во кола, да ја скриеме и да бараме пари од родителите. Палевски ја има следено оваа личност претходно со точак.
Во петокот имаше многу гужва, во саботата не дојдов во Скопје. Во неделата вечерта дојдовме со Боре во Скопје, се најдовме сите четворица во канцеларијата. Се подготвуваме до детаљи. Планот сега беше да не ја грабнеме надвор, туку внатре во влезот.
Бравата се отвора електронски, но Палевски ни кажа како да ја отвориме. Планот беше кога ќе излезе од лифтот да ја грабнеме личноста. Од таа личност имавме видено 3 до 4 слики. Верував дека Палевски ги знае станарите, зашто ја градел зградата. Од Кешишев имам слушнато дека Палевски разговарал со таткото на личноста што требаше да биде грабната. Околу 7 часот бевме пред зградата, јас и Боре влеговме во влезот. Носевме селотејп кој ни го даде Љупчо, како и стеги.
Целта беше да ја земеме особата и Палчо да бара пари од мајката на личноста. Јас како поединец требаше да земам околу 20.000 евра. Износот требаше да се дели на 5 еднакви дела. Не знам колкав износ мислеше Палевски да бара, јас му верував, како и останатите од групата. Ние бевме свесни какви последици може да остави нашето однесување.
Влеговме во влезот, во 7.20 излезе личноста. Ја препознавме, иако имаше само дневна светлина од вратата. Боре ја фати за устата, косата и го прекри лицето, и стави селотејп на устата и не видов дека носи протези, за да сфатам дека е дете. Боре и рече, немој да викаш, ќе пукам и таа се смири. Ја свртевме на стомак, Боре ја држеше за рацете и и ставив стеги на рацете.
Ја ставивме во вреќата, јас и ги врзав нозете со селотејп преку вреќата. Стегите не ги силнав силно. И се заканивме да не вика, не викај, да не те удираме џабе, ќе те пуштиме по некое време.
Таа кимна со главата. Надвор имаше двајца комуналци, немаше никој друг. Се симнав по скалите, ја наместив убаво во гепекот за да не се повреди.
Тргнавме кон претходно договореното место. На излезот од Партизанска, го зедов телефонот на Вања, го дадов на Боре, тој го искрши со чеканче, за да не дава сигнал.
Се упативме кон Качанички, па лево кон Визбегово, па на коцка-пат. Палевски таму не чекаше и тргна пред нас кон местото Дупки. Излеговме, Палевски ни рече да го земеме алатот, да ископаме дупка 60 сантиметри.
Сите копавме. На прашањето што е работата, Палевски ни рече, ќе оди и таа. Кога го видов ранецот, видов дека е ученик.
Му реков дете е, да ја пуштиме. Палевски го отвори гепекот, го извади селотејпот, почна да ја прашува како се вика, кој и се татко, мајка. Праша каде работат, рече татко и напуштил, мајка ѝ во А1. Ја праша и за дедо ѝ. Праша од кога живеат во станот. Ѝ бараше телефон од родителите. Ја прашуваше колку станови имаат.
Таа рече од тато не барај, тој не нѐ сака, од мама барај, сѐ ќе даде за мене, душата ќе ја даде за нас. Го извадивме девојчето. Таа беше мирна, мислеше дека ќе буде пуштена. Боре рече, влеговме во гомната, ќе тераме. Палевски зеде перниче, ѝ пријде со перницата и испука.
Таа лежеше на грб, со врзани раце и нозе. Јас сакав да ја вратиме дома, а тој ми рече, решен е проблемот. Кога почнаа да ја закопуваат, Палевски ми рече, ајде бе педер дојди да закопаме побрзо.
Му реков ајде да ја запалиме колата и да се отарасиме од сѐ. Ја однесовме колата на нива, Палевски ја поли со бензин, ги фрливме вреќата, перничето, маските, капите… Телефонот на девојчето беше во цитроенот.
Го запаливме и брзо заминавме. Појаснувам дека дупката ја копавме 40 минути, околу 9.30 беше убиена Вања. После отидовме во канцеларијата, а јас и Боре во Велес.
Во канцеларија Љупчо виде во телефонот и рече леле колку се крева џева, ама не се секирајте се е чисто, нема докази.
Не знам зошто Палевски реши така да направи. Во еден момент рече и дека ќе ја убие и пак ќе бара пари за неа. Девојчето ниту еднаш не застана на своите нозе, лежеше цело време. Не беше свесна што ќе ѝ се случи. Кога дојде полицијата да ме приведе, се дамлосав, колабирав од страв“, се наведува во вториот исказот на Манев даден во Обвинителство.