НЕ АПСОРБИРА НИТРАТИ, ПЕСТИЦИДИ И ДРУГИ ХЕМИКАЛИИ! Можете да го јадете безбедно!
Најдобрата особина на дајконот е тоа што не апсорбира нитрати, пестициди и други хемикалии, па е безбеден за јадење. Исто така е и нискокалоричен, а содржи и супстанции кои имаат антибактериско дејство. Богат е со витамин Ц, а исто така е добар извор на калиум, калциум и железо.
Дајконот кој е познат како јапонска ротквица и чии попознати блиски роднини кај нас се црната и белата тркалезна ротква, содржи многу различни витамини, минерали, ензими и други корисни нутритиенти. Освен коренот, се користат и младите листови на дајконот, кои се богати со витамин Ц, бета-каротин, калциум, калиум, железо.
Дајконот содржи многу фруктоза, скробни состојки, пектин и целулоза, кои го потпомагаат варењето на храната, па затоа често им се препорачува на лицата кои имаат проблеми со варењето.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.