„НЕ ЈА РУШИ ПОЗИЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА И НЕ ДЕЛИ УМ НА СВЕТСКИ ЛИДЕРИ“ Николоски со прва реакција на ставовите на Пендаровски за актуелната надворешна политика

Во пост на својот Фејсбук профил вицепремиерот Николоски го советува Пендаровски  да ужива во пензијата и да не ја брука земјата.

1,910

Вицепремиерот Александар Николоски  го повика поранешниот претседател Пендаровски да не ја руши позицијата на земјава со своите изјави, откако поранешниот претседател попладнево во гостување на ТВ Сител ја критикуваше надворешната политика на владата.

Во пост на својот Фејсбук профил Николоски го советува Пендаровски  да ужива во пензијата и да не ја брука земјата.






„Стево Пендаровски – човек кој два пати изгуби Претседателски избори, вториот пат со историски најголема разлика, после 10 месеци реши да се појави во јавност и да го напаѓа премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заради поддршката на САД и претседателот Доналд Трамп.

Пендаровски кој иако вети не се откажа од доживотна пензија на грб на граѓаните, го напаѓа претседателот на нашиот стратешки партнер број 1. Арогантно дели ,,ум” на светски лидери, а сам себе не се гледа.

Човекот кој масовно ја злоупотребуваше Агенцијата за разузнавање со наредба да фабрикуваат извештаи за нас од ВМРО-ДПМНЕ дека сме  проруски, антизападни, антиамерикански, за мене слушам напишале дека сум претставник на  иранско – турско – унгарско влијание и пуштаа гавази да ги молат стратешките партнери пола од носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ да завршат на црна листа за така да се спасат од пораз, истиот тој сега е најантизападен и најантиамерикански.

Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата  на Македонија и дружи се со пријателите од Агенција за разузнавање додека можеш!“, напиша Николовски.

Пендаровски попладнево ја критикуваше надворешната политика на владата.

 

ПЕНДАРОВСКИ ГО НАРЕЧЕ ТРАМП „ТРАНСАКЦИСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ“ Македонија не може да ја купи страната на Трамп во спорот со Бугарија

 

Поврзани содржини