НЕ ЈА ПОЗНАВАМ ГОСПОЃАТА Османи негира дека е во контакт со несудената конзулка во Њујорк
Тој негира дека ја познава лично Ејупи, иако признава дека имало разговори во Владата, но не откри детали затоа што станувало збор за затворена владина седница.
Во интервјуто за Макфакс, министерот за надворешни работи Бујар Османи, се чуди зошто именувањето на презентерката Бесмира Ејупи за конзул во Њујорк, предизвика толку голем интерес во јавноста.
Тој негира дека ја познава лично Ејупи, иако признава дека имало разговори во Владата, но не откри детали затоа што станувало збор за затворена владина седница.
„Ова го сметам повеќе како шпекулација и врз основи на разговори во Влада, иако никогаш немало одобрена одлука за тоа прашање во Влада. Јас не ја познавам, не сум ја сретнал во животот. И да постоело, зошто е реакцијата? Затоа што е жена, затоа што е млада, затоа што е Албанка? Таа госпоѓа јас не ја знам и немало одлука. Сега повеќе го коментирам ефектот на оваа дебата во јавноста кој се создаде и создаде недобар вкус, рече Османи.