НЕ ЈА НАПУШТАМЕ ЕУ, ТУКУ ЌЕ ЈА ТРАНСФОРМИРАМЕ Орбан возврати на критиките од Туск

„Драг Доналд Туск, не се надевај премногу“, напиша Орбан на мрежата X, додавајќи: „Унгарија нема да ја напушти ЕУ. Заедно со европската политичка партија, ќе ја трансформираме и ќе ја вратиме во она што некогаш беше кога Полска и Унгарија ѝ се придружија“.

440

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ги отфрли обвинувањата на полскиот премиер Доналд Туск дека Унгарија се оддалечува од Европската Унија.

„Драг Доналд Туск, не се надевај премногу“, напиша Орбан на мрежата X, додавајќи: „Унгарија нема да ја напушти ЕУ. Заедно со европската политичка партија, ќе ја трансформираме и ќе ја вратиме во она што некогаш беше кога Полска и Унгарија ѝ се придружија“.






Туск претходно предупреди дека Орбан „отворено зборува за напуштање на Европската Унија“, велејќи дека претстојните избори за Европскиот парламент се одлучувачки за иднината на ЕУ.

– Вредеше да се добијат изборите само ако сонот на (Јарослав) Качински за „Будимпешта во Варшава“ никогаш не се оствари – додаде Туск, алудирајќи на блиските политички односи меѓу унгарската Фидес и поранешната владејачка партија во Полска „Закон и правда“ (ПиС).

Поврзани содржини