НЕ ЈА МЕНУВА МИНИСТЕРСКАТА ФОТЕЛЈА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА Филков не планира да се кандидара за градоначалник на Карпош
Видете, не планирам да се повлечам од функцијата, планирам да продолжам со реформите и не планирам да се кандидирам за градоначалник на Карпош. Односите во коалицијата се одлични, изјави министерот за правда Игор Филков.
Запрашан дали планира да се повлече од министерската функција и да се кандидира за градоначалник на Општина Карпош, актуелниот министер за правда Игор Филков од редовите на ЗНАМ одговори со зборовите: „апсолутно не“.
– Како ќе се приближуваме кон локалните избори, нашиот фолклор ќе биде сѐ поинтересен. Видете, не планирам да се повлечам од функцијата, планирам да продолжам со реформите и не планирам да се кандидирам за градоначалник на Карпош. Односите во коалицијата се одлични – кажа Филков.
За препирките со пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и за односите меѓу владеачките партии, Филков рече:
– Би се задржал само на коментарите коишто се дел од демократијата. Верувам дека и во иднина ќе следат како што се ближиме кон предизборието. Односите во коалицијата не можат да бидат подобри.