Не ја контролираме епидемијата, алармира директорот на Црногорскиот институт за јавно здравје

Во последните седум дена, едно лице се разболува на секои две и пол минути, или едно лице умира на секои 150 минути, вели директорот на Црногорскиот институт за јавно здравје Игор Галиќ.

344

Директорот на Црногорскиот институт за јавно здравје Игор Галиќ денеска изјави дека во земјата „епидемијата на коронавирус не е под контрола“.

– Во последните седум дена, едно лице се разболува на секои две и пол минути, или едно лице умира на секои 150 минути – рече Галиќ.






Во последните 24 часа починаа 13 лица, а вкупно починаа 1.111 лица. Во последните седум дена починаа 65 лица.

– Процентот на позитивни, новорегистрирани случаи во однос на бројот на тестирани е меѓу 25 и 30 процети. За да можеме да кажеме дека контролираме епидемија, тој однос мора да биде пет процент – изјави Галиќ.

Тој посочи дека „локалното пренесување е се поизразено и се зголемува“, и дека 13 проценти од населението е веќе заразено или се заразило со коронавирусот .

Галиќ изјави дека нема податоци за тоа дали имало случаи на инфекција со вирусот по вакцинирањето.

Поврзани содржини