НЕ 640 ТУКУ 823 ПАТНИЦИ ИМАЛО НА ЛЕТОТ ОД КАБУЛ Пентагон објави детали ФОТО

Глетката е овековечена со фотографија на стотици збиени Авганистанци во внатрешноста на авионот која го обиколи светот.

2,067

Пентагон вчера објави дека транспортниот авион Ц-17, кој меѓу првите го напушти хаотичниот аеродром во Кабул минатата недела, пренел рекордни 823 патници.

Глетката е овековечена со фотографија на стотици збиени Авганистанци во внатрешноста на авионот која го обиколи светот.






Според првата процена се сметаше дека во авионот имало 640 луѓе, но тогаш не биле земени предвид децата кои биле во прегратките на родителите.

Пренесени се двојно повеќе луѓе од нормалниот капацитет на воениот транспортер Ц-17 Globemaster III.

Пентагон не објавил колку броел екипажот на авионот.

Поврзани содржини