НБА преговара со Дизни за продолжување на сезоната на крајот на јули

198

Раководството на НБА почна преговори со Дизни за продолжување на сезоната, пренесува „ЕСПН“.

Станува збор за започнување натпревари на крајот на јули. Дизни е еден од двата најголеми телевизиски партнери на лигата.






– НБА лигата, заедно со здружението на играчи, се во прелиминарни разговори со Дизни за продолжување на сезоната во НБА кон крајот на јули, соопшти портпаролот на лигата Мајк Бас.

Планирано е да се одржат натпревари во спортскиот комплекс „ESPN Wide World“ на Флорида. Здравјето и безбедноста на сите учесници останува наш приоритет, а ние работиме со експерти за јавно здравје и владини службеници за да развиеме сеопфатен пакет упатства за да осигураме дека се следат соодветни медицински протоколи и заштитни мерки, додаде Бас.


Поврзани содржини