НБА гигант ќе исплаќа плати во биткоини
Ќе им понудам на сите во клубот да ги добијат своите плати во биткоини - рече Вивек Ранадив.
Играчите и тренерите на НБА кошаркарскиот тим, Сакраменто Кингс ќе можат да ги примаат своите плати во биткоини, објави сопственикот на клубот.
– Ќе им понудам на сите во клубот да ги добијат своите плати во биткоини – рече Вивек Ранадив.
Кингс исто така беа првиот спортски клуб во светот кој во 2014 година објави дека прифаќа биткоини при купување билети и клупски предмети.
Сакраменто Кингс е на 15-то место меѓу најскапите тимови во светот, а „Forbes“ го процени тимот на 1,82 милијарди долари.
Во последниве месеци, голем број други компании исто така почнаа да прифаќаат плаќања со биткоини. Слична практика има и во „Starbucks“ и „Best Buy“, како и во хотелите „Choice“. Од март, „Tesla“ исто така објави дека е можно да се купи автомобил со најпопуларната криптовалута во светот.
Биткоинот во моментов тргува со околу 59.000 американски долари откако ја премина границата од 60.000 долари во март.