„НАЗАД ТАМУ КАДЕ ШТО ПРИПАЃАМ“ Роналдо почна да тренира за новата сезона

Триесет и деветгодишниот Португалец минатата сезона одигра 51 натпревар за клубот и постигна 50 голови. На Евро 2024, тој направи една асистенција на пет натпревари.

529

Ѕвездата на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, по одморот се врати во Саудиска Арабија и почна да тренира со клубот.

„Назад таму каде што припаѓам!“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.






Триесет и деветгодишниот Португалец минатата сезона одигра 51 натпревар за клубот и постигна 50 голови. На Евро 2024, тој направи една асистенција на пет натпревари.

На 14 август Ал-Наср ќе игра во полуфиналето на Суперкупот на Саудиска Арабија против Ал-Таавун.

На 22 август Ал-Наср ќе му гостува на Ал-Раед во 1. коло од саудиската фудбалска Премиер лига.

Поврзани содржини