НАВРЕДА ЗА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ДРЖАВА Мицкоски ја коментира предложената декларација за Илинденското востание

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја окарактеризира Предлог декларацијата по повод 120 години од Илинденското востание и Крушевската Република поднесена од пратеничката група на СДСМ како навреда за македонскиот народ и македонската држава.

1,311

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја окарактеризира Предлог декларацијата по повод 120 години од Илинденското востание и Крушевската Република, поднесена од пратеничката група на СДСМ,  како навреда за македонскиот народ и македонската држава.

– Ако ја имате прочитано тогаш знаете дека таа декларација е толку бедно напишана што е навреда за македонскиот народ и за македонската држава и во принцип кога поднесувате таква декларација треба да ја дадете на сите пратенички групи и тие да дадат свои сугестии. ВМРО-ДПМНЕ има своја декларација во рамки на Парламентот поднесена за Гоце Делчев, која од страна на Владата на ДУИ и СДС беше одбиена –  рече Мицкоски во изјава за медиумите дадена при денешната посета на Прилеп.






За Предлог – декларацијата, како што посочи тој, ВМРО-ДПМНЕ има многу забелешки коишто ќе ги доставеле доколку биле прашани.

Предлог-декларацијата поднесена од пратеничката група на СДСМ е на дневен ред на собраниската седница закажана за вторник.

Поврзани содржини